Wednesday, May 6, 2015

Тромбоцити


Тромбоцитите се најмали клетки меѓу оформените елементи на крвта. Тие не поседуваат јадро. Настануваат во коскената срцевина со парчосување на џиновски клетки-мегакариоцити. Тромбоцитите имаат плочесто овална форма од каде што и произлегува името крвни плочки. Нивниот дијаметар варира од 2-5 микрони. Бројот на тромбоцитите варира од 150х10⁹/l до 300х10⁹l (од 150 000-300 000 во 1mm³) што во голема мерка зависи од употребениот метод за нивно одредување во периферната крв. Зголемен број на тромбоцитите се означува со терминот тромбоцитоза, а намален со тромбопенија.

Својства на тромбоцитите

Амебовидното движење и фагоцитозата се едни од физиолошките својства на тромбоцитите покрај овие својства тромбоцитите покажуваат и други својства како што се: фрагилност, атхезивност, агрегација и вискозна метаморфоза.
  • Фрагилност. Под влијание на механички, термички и хемиски фактори настанува лесно разрушување на тромбоцитите.
  • Атхезивност. Под атхезивноста се подразбира способност на тромбоцитите да се прилепуваат на туѓата површина (оштетена интима на крвните садови, оштетено ткиво, колегени влакна, стакло итн.) Ова прилепување е условено од електричниот полнеж на тромбоцитите, од една, и електричниот полнеж на туѓите материи, од друга страна. Електричниот полнеж на тромбоцитите е негативен.
  • Агрегација. Агрегација е такво својство на тромбоцитите при кое настанува прилепување на тромбоцитите еден врз друг под влијание на бројните фактори вклучувајќи ги и факторите одговорни за коагулација на крвта.
  • Вискозна метаморфоза претставува процес при кој атхерираните и агрегираните тромбоцити набабруваат, а потоа поради губење на границите, меѓу нив се создава хомогена, амфорна, вискозна маса.
Спомнатите својства на тромбоцитите ја определуваат и нивната улога во процентите на сопирање на крварењето од повредениот крвен сад.

Функции на тромбоцитите

Во тромбоцитите се откриени физиолошките активни материи (тромбоцитни фактори) кои земаат активно учество во процесите на хемостозата (сопирање на крвавење), коагулацијата (засирување) на крвта и фибринолизата (распаѓање на крвниот засирок). Крвта има улога да ги пренесува хранливите материи и кислородот до сите клетки каде се врши согорување (разложување) на органските материи, при што се добива вода, минерални соли, јаглероден диоксид како и штетни отровни материи. Овие штетни и непотребни материи, крвта ги носи до органите за излачување бубрезите преку кои се излачуваат надвор од организмот. Јаглерод диоксид се исфрла преку белите дробови. Крвта има и заштитна улога, таа го заштитува организмот од болести. Крвта има улога и во регулирањето на постојаната температура кај птиците и цицачите.

1 comment:

  1. Ova e navistina cool i gangsterizam se nadevam deka imate ubav den

    ReplyDelete