Wednesday, May 6, 2015

Количина на крв

Кај возрасни луѓе вкупната количина на крв претставува 7% или 1/13 од телесната маса. Човекот со телесна маса од 70 kg има 5 до 6 литри крв. Количината на крв зависи од возраста, полот, телесната градба и редица др фактори. Децата имаат релативно повеќе крв во споредба со возрасните. Кај новородените 14-15% од телесната маса отпаѓа на крв, на возраст од 1 година тој процент изнесува 11%, а во периодот на пубертетот 7%. Кај стари луѓе количината на крвта е релативно најмала. Жените во споредба со мажите помала количина на крв. Кај мажите, на килограм телесна маса, на крвта отпаѓа 76-80 ml крв, а кај жените 68-70ml. Количината на крв зависи и од развиеноста на организмот. Во однос на висината и телесната маса може да се пресмета теоретската вредност за количината на крвта во организмот. Вол.на крвта (ml) = 43 * ТТМ + 52 * В – 6250 ТТМ = телесна маса ( во kg); В = висина на телото (во cm)
Во нормални услови сета количина крв не [ [циркулира] ]низ крвните садови. Еден дел од крвта се наоѓа складирана во т.н крвни депоа (резервоари) или депо органи (хепар, лиен, кожа). Складираната крв ги напушта овие органи во случај кога организмот врши физичка работа или доколку дошло до крвавење (повреди, операции). Гибење на 1/2- 1/3 од вкупната количина на крв претставува ошпсност во животот.

Хемоглобин

Хемоглобинот хемиски претставува хромопротеид. Тој се состои од две компоненти- хем и глобин. Хемот претставува простетична група на хемоглобинот, а глобинот е сложена белковина изградена од 4 вериги на аминокиселини. Во состав на хемот влегува железото за кое е врзана функцијата на примање и отпуштање кислорот. во процесите на оксидација (примање O₂) и редукциија (отпуштање на О₂) валентноста на железото не се менува. Железото останува двовалентно. Хемоглобинот хемиски не претставува еднородна материја. Постојат различни видови хемоглобин со HbF, HbA и HbА₂. Хемот им е ист, а разлики постојат во глобулинска молекула. Во феталниот период и првата година од животот во периферната циркулација се среќава феталниот (HbF) хемоглобин. По раѓањето неговата концентрација во крвта изнесува 60-80%, а на адултниот (хемоглобин на возрасните) HbA, 20-40%. Адултниот хемоглобин од типот HbA₂, се среќаваат во многу мали количини 2-3%. До крај на првата година од животот феталниот хемоглобин веќе не се создава и наполно е заменет со адултниот хемоглобин. Количината на хемоглобинот во периферната крв нормално изнесува 8,69-9,93 mmol/l(14-16g во 100ml крв). Кај мажите просечната вредност изнесува 9,93 mmol/l (16g во 100ml крв), кај жените 8,69 mmol/l (14g во 100ml крв) Еден грам хемоглобин може да врзе 1,34ml О₂, што значи, дека 100ml крв кај мажи може да транспортира 20ml О₂, a кај женте 18 ml O₂.
Деривати на хемоглобинот

Соединение на хемоглобинот со кислород се нарекува оксихемоглобин (HbO₂). Врзувањето, односно отпуштањето на О₂ од страна на хемолобинот зависи од парцијалниот притисок на кислородот. Кога хемоглобинот ќе го отпушти кислородот се добива редуциран хемоглобин (Hb). Хемоглобин, поврзан со јаглерод диоксид дава карбохемоглобин (HbCO₂). Јаглерод диоксидот создава лабилно соединение со белковинска компонента од хемоглобинот. Соединението на хемоглобинот со јаглерод моноксидот се нарекува карбоксихемоглобин (HbCO).Јаглерод моноксидот исто како и кислородод се врзува со хемот од хемоглобинскиот млекул. Врската меѓу СО и хемоглобинот е многу цврста, па затоа карбоксихемоглобинот многу бавно го отпушта СО. Труење со јаглерод моноксидот е опасно по живот. Прва помош на отруениот му се дава на тој начин што се изнесува на свеж воздух. Ослободување на хемоглобинот од СО зависи од парцијалниот притисок на О₂. Доколку на отруениот со СО му се давагасна смеса богата со О₂ или кислород под притисок истиснувањето на СО ќе се одвива многу побрзо. При труење со разни лекови (фенцетин, амил, пропилинтрати) се создава соединените на хемоглобинот со кислородот наречено метхемоглобин. Железото на метхемоглобинот е тривалентно. Доколку концентрацијата на метхемоглобинот во крвта се зголеми транспортот на кислородот кон ткивата се отежнува или наполно запира што е основна причина за смртта.

Тромбоцити


Тромбоцитите се најмали клетки меѓу оформените елементи на крвта. Тие не поседуваат јадро. Настануваат во коскената срцевина со парчосување на џиновски клетки-мегакариоцити. Тромбоцитите имаат плочесто овална форма од каде што и произлегува името крвни плочки. Нивниот дијаметар варира од 2-5 микрони. Бројот на тромбоцитите варира од 150х10⁹/l до 300х10⁹l (од 150 000-300 000 во 1mm³) што во голема мерка зависи од употребениот метод за нивно одредување во периферната крв. Зголемен број на тромбоцитите се означува со терминот тромбоцитоза, а намален со тромбопенија.

Својства на тромбоцитите

Амебовидното движење и фагоцитозата се едни од физиолошките својства на тромбоцитите покрај овие својства тромбоцитите покажуваат и други својства како што се: фрагилност, атхезивност, агрегација и вискозна метаморфоза.
  • Фрагилност. Под влијание на механички, термички и хемиски фактори настанува лесно разрушување на тромбоцитите.
  • Атхезивност. Под атхезивноста се подразбира способност на тромбоцитите да се прилепуваат на туѓата површина (оштетена интима на крвните садови, оштетено ткиво, колегени влакна, стакло итн.) Ова прилепување е условено од електричниот полнеж на тромбоцитите, од една, и електричниот полнеж на туѓите материи, од друга страна. Електричниот полнеж на тромбоцитите е негативен.
  • Агрегација. Агрегација е такво својство на тромбоцитите при кое настанува прилепување на тромбоцитите еден врз друг под влијание на бројните фактори вклучувајќи ги и факторите одговорни за коагулација на крвта.
  • Вискозна метаморфоза претставува процес при кој атхерираните и агрегираните тромбоцити набабруваат, а потоа поради губење на границите, меѓу нив се создава хомогена, амфорна, вискозна маса.
Спомнатите својства на тромбоцитите ја определуваат и нивната улога во процентите на сопирање на крварењето од повредениот крвен сад.

Функции на тромбоцитите

Во тромбоцитите се откриени физиолошките активни материи (тромбоцитни фактори) кои земаат активно учество во процесите на хемостозата (сопирање на крвавење), коагулацијата (засирување) на крвта и фибринолизата (распаѓање на крвниот засирок). Крвта има улога да ги пренесува хранливите материи и кислородот до сите клетки каде се врши согорување (разложување) на органските материи, при што се добива вода, минерални соли, јаглероден диоксид како и штетни отровни материи. Овие штетни и непотребни материи, крвта ги носи до органите за излачување бубрезите преку кои се излачуваат надвор од организмот. Јаглерод диоксид се исфрла преку белите дробови. Крвта има и заштитна улога, таа го заштитува организмот од болести. Крвта има улога и во регулирањето на постојаната температура кај птиците и цицачите.

Леукоцити

Леуоцитите претставуваат подвижни елементи од заштитниот систем на крвта. Покрај присуството во крвта тие се наоѓаат во лимфата, ткивата и ткивната течност. Леукоцитите се разнородни клетки кои меѓусебно се разликуваат по: форма, големина, број, место на создавање, структура и функции.

Морфолошки карактеристики


По однос на морфолошкиот изглед на обоениот препарат леукоцитите од периферната крв ги делиме на две групи:
  • гранулацитит и
  • агранулацитит.
Основен критериум за ваква поделба е присуството, всушност, отсуството на гранули во нивната протоплазма. Во групата на гранулите спаѓаат: неутрофилни, еозинофилни и базофилни леукоцити, а во групата на агрануларните; лимфоцити и моноцити. Поделба на гранулоцитите во групата на неутрофили, едонофили и базофили е извршена според бојата на нивните гранули. Јадрата на гранулоцитите обично се сегментирани што дава впечаток како да се работи за присуство на повеќе јадра во клетката. Токму поради оваа полиморфност на јадрото леукоцитите од гранулоцитната група се нарекуваат полиморфоникулаерни леукоцити.Во групата на гранулоцитите спаѓаат и лимфоцити и моноцити.

Неутрофилни леукоцити

Овие леукоцити се карактеризираат со присуство на ситни гранули во протоплазмата кои поради афинитетот кон киселите и базните бои имаат светлокостенлива боја. Протоплазмата е обоена розово. Јадрото им е сегментирано. Кај младите неутрофили јадрото се сегментира. Најстарите неутрофили имаат пет сегмента, а многу ретко се среќаваат со шест и седум. Сегментите или лобусите меѓусебно се поврзани со хроматински нишки. Јадрото се бои виолетово. Дијаметарот на неутрофилните леукоцити во просек изнесува 10-12 микрони.

Еозинофилни леукоцити

Тие поседуваат релативно крупни гранули со изразен афинитет да се бојат со кисели бои (еозин-црвена боја). Јадрото најчесто се состои од два сегмента и наликува на бисаги. дијаметарот на еозинофилите во просек изнесува од 12-14 микрони.

Базофилни леукоцити

Тие се карактеризираат со базофилно (сино) обоени гранули кои со својата големина и бројност го препокриваат јадрото кое најчесто се состои од два сегмента. големината на дијаметарот просечно изнесува 10 микрони.

Лимфоцити


Лимфоцитите се одликуваат со тоа што односот меѓу јадрото и протоплазмата е во корист на јадрото. Формата им е тркалезна, а дијаметарот им варира во мошне широки граници (6-18микрони). По големина се делат на мали (6-9микрони), средни (10-14микрони) и големи над 14микрони. Јадрото е тркалезно и ексцентрично поставено. Во обоен препарат има силно виолетова бпја што доаѓа од богатството на хроматинот. Протоплазмата е обоена сино. во протоплазмата околу јатрото се забележува белузникаво просветлување (перинуклеарно просветлување). Во поново време е установено, дека лимфоцитите ниту морфолошки ниту функционално не претставуваат еднородни клетки.Постојат два вида В и Т лимфоцити.

Моноцити

Овие леукоцити се најголеми клетки во периферната циркулација. Дијаметарот им изнесува од12-25 микрони. Во обоената периферна размаска се забелеѓува изразен полиморфизам во големината и формата на моноцитите. бојата и е сиво-сина, а боата на јадрото е светлобиолетова што е резултат на слабата застапеност на хроматинот. Јадрото има најчесто форма на бубрег или грав.


Еритроцити

Форма, големина и број

Еритроцитите се безјадрени клеточни елементи. Гледани однапред имаат тркалезна форма, а отстрана нивниот изглед наликува на двојно вдлабнат диск. Дијаметарот на еритроцитите се движи меѓу 6,5 и 8 микрони или во просек 7,3 микрони. Дебелината на периферниот дел изнесува во пресек 2,2 а во централниот 1,2 микрони. Бројот на еритроцитите кај мажите просечно изнесува 5х10¹²/l (5 000 000 во 1mm³), а кај жените 4,5х10¹²/l (4500000 во 1mm³). Тој се менува под влијание на дејството на внатреѓни и надворешни фактори (дневни, сезонски варијации, мускулна работа, силни емотивни напрегања, губење на течности, живеење на големи височини итн.). Покачен број на еритроцитите во крвта се вика еритроцитоза, а намален еритропенија.

Стуктура и хемиски состав

Еритроцитите се состојат од површинска Липобелковинска опна и строма во чиј состав влегува крвната боја хемоголобинот. Најголем процент од еритроцитарната содржина отпаѓа на водата (62-65%). Хемоглобинот е застапен од 30-34%, а другите материи од3-7%. Еритроцитарната мембрана покажува селективна пропустливост за голем број органски и неоргански материи . Таа е лесно прoпустлива за водата, уреата и едновалентните анјони, а непропустлива за јоните на калциум, пептиди и белковини. Органските материи како што сегликозата и аминокиселините лесно минуваа низ еритроцитарната мембрана. Јоните на калиум влегуваат во еритроцитот по пат на активен транспорт. Концентрацијата на калиум во еритроцитите многу е поголем во споредба со калциумот што е во потполна спротивност со нивната концентрација во крвната плазма.

Хемолиза

Хемолизата претставува процес при кој хемоглобинот од еритроцитите излегува во околниот раствор поради оштетување или прскање на еритроцитарната мембрана. 
Хемолизата може да се предизвика со дејствување на биолошки средства како што се отровите од змии,пчели,оси,пајаци, и други животни. 


Нехомолизираната крв е непроѕирна, а хемолизираната светла и проѕирна(дава впечаток како да е „лакирана“.

Седиментација на еритроцитите

Крвта, помешана со некое антикоагулантно средство (на пример натриум цитрат) и ставена во епрувета, што се наоѓа во вертикална положба, по извесно време ќе се раздели на два дела. Горниот слој го претставува крвната плазма, а во долниот дел се наоѓаат оформените елементи, предимно еритроцити. Таложење (седиментација) на еритроцитите настанува под влијание на Земјината привлечна сила. На брзината на седиментацијата на еритроцитите влијаат повеќе фактори кои можат да се групираат во две групи:
  • плазматични и
  • клеточни.

Хематокрит

Хематокритот претставува процентен однос меѓу крвната плазма и оформените елементи на крвта. Овој квантитативен однос меѓу плазмата и оформените елементи се определува со хематокритски метод. Кај здравите луѓе овој однос е прилично стабилен. На крвната плазма отпаѓаат 55%, а на оформените елементи 45%. Физиолошките варијации се движат од 52-58% за крвната плазма и 42-48% за оформените елементи. Кога говориме за хематокритот секогаш мислиме на процентната застапеност на оформените елементи, всушност, еритроцитите кои доминираат меѓу крвните клетки. Тој може да биде нормален, низок и висок. Низок хематокрит се забележува при анемии после силно озрачување итн., а висок во сите случаи при кои настанува губење на течности од организмот( потење , изгореници, проливи итн.). Хематокритот кај мажите е повисок во споредба со жените, поради разликата што постои во бројот на еритроцитите би можеле да заклучиме, дека крвта се состои од два дела, од крвна плазма и оформени елементи.