Wednesday, May 6, 2015

Хемоглобин

Хемоглобинот хемиски претставува хромопротеид. Тој се состои од две компоненти- хем и глобин. Хемот претставува простетична група на хемоглобинот, а глобинот е сложена белковина изградена од 4 вериги на аминокиселини. Во состав на хемот влегува железото за кое е врзана функцијата на примање и отпуштање кислорот. во процесите на оксидација (примање O₂) и редукциија (отпуштање на О₂) валентноста на железото не се менува. Железото останува двовалентно. Хемоглобинот хемиски не претставува еднородна материја. Постојат различни видови хемоглобин со HbF, HbA и HbА₂. Хемот им е ист, а разлики постојат во глобулинска молекула. Во феталниот период и првата година од животот во периферната циркулација се среќава феталниот (HbF) хемоглобин. По раѓањето неговата концентрација во крвта изнесува 60-80%, а на адултниот (хемоглобин на возрасните) HbA, 20-40%. Адултниот хемоглобин од типот HbA₂, се среќаваат во многу мали количини 2-3%. До крај на првата година од животот феталниот хемоглобин веќе не се создава и наполно е заменет со адултниот хемоглобин. Количината на хемоглобинот во периферната крв нормално изнесува 8,69-9,93 mmol/l(14-16g во 100ml крв). Кај мажите просечната вредност изнесува 9,93 mmol/l (16g во 100ml крв), кај жените 8,69 mmol/l (14g во 100ml крв) Еден грам хемоглобин може да врзе 1,34ml О₂, што значи, дека 100ml крв кај мажи може да транспортира 20ml О₂, a кај женте 18 ml O₂.
Деривати на хемоглобинот

Соединение на хемоглобинот со кислород се нарекува оксихемоглобин (HbO₂). Врзувањето, односно отпуштањето на О₂ од страна на хемолобинот зависи од парцијалниот притисок на кислородот. Кога хемоглобинот ќе го отпушти кислородот се добива редуциран хемоглобин (Hb). Хемоглобин, поврзан со јаглерод диоксид дава карбохемоглобин (HbCO₂). Јаглерод диоксидот создава лабилно соединение со белковинска компонента од хемоглобинот. Соединението на хемоглобинот со јаглерод моноксидот се нарекува карбоксихемоглобин (HbCO).Јаглерод моноксидот исто како и кислородод се врзува со хемот од хемоглобинскиот млекул. Врската меѓу СО и хемоглобинот е многу цврста, па затоа карбоксихемоглобинот многу бавно го отпушта СО. Труење со јаглерод моноксидот е опасно по живот. Прва помош на отруениот му се дава на тој начин што се изнесува на свеж воздух. Ослободување на хемоглобинот од СО зависи од парцијалниот притисок на О₂. Доколку на отруениот со СО му се давагасна смеса богата со О₂ или кислород под притисок истиснувањето на СО ќе се одвива многу побрзо. При труење со разни лекови (фенцетин, амил, пропилинтрати) се создава соединените на хемоглобинот со кислородот наречено метхемоглобин. Железото на метхемоглобинот е тривалентно. Доколку концентрацијата на метхемоглобинот во крвта се зголеми транспортот на кислородот кон ткивата се отежнува или наполно запира што е основна причина за смртта.

No comments:

Post a Comment