Морфолошки карактеристики
По однос на морфолошкиот изглед на обоениот препарат леукоцитите од периферната крв ги делиме на две групи:
- гранулацитит и
- агранулацитит.
Основен критериум за ваква поделба е присуството, всушност, отсуството на гранули во нивната протоплазма. Во групата на гранулите спаѓаат: неутрофилни, еозинофилни и базофилни леукоцити, а во групата на агрануларните; лимфоцити и моноцити. Поделба на гранулоцитите во групата на неутрофили, едонофили и базофили е извршена според бојата на нивните гранули. Јадрата на гранулоцитите обично се сегментирани што дава впечаток како да се работи за присуство на повеќе јадра во клетката. Токму поради оваа полиморфност на јадрото леукоцитите од гранулоцитната група се нарекуваат полиморфоникулаерни леукоцити.Во групата на гранулоцитите спаѓаат и лимфоцити и моноцити.
Неутрофилни леукоцити
Овие леукоцити се карактеризираат со присуство на ситни гранули во протоплазмата кои поради афинитетот кон киселите и базните бои имаат светлокостенлива боја. Протоплазмата е обоена розово. Јадрото им е сегментирано. Кај младите неутрофили јадрото се сегментира. Најстарите неутрофили имаат пет сегмента, а многу ретко се среќаваат со шест и седум. Сегментите или лобусите меѓусебно се поврзани со хроматински нишки. Јадрото се бои виолетово. Дијаметарот на неутрофилните леукоцити во просек изнесува 10-12 микрони.
Еозинофилни леукоцити
Тие поседуваат релативно крупни гранули со изразен афинитет да се бојат со кисели бои (еозин-црвена боја). Јадрото најчесто се состои од два сегмента и наликува на бисаги. дијаметарот на еозинофилите во просек изнесува од 12-14 микрони.
Базофилни леукоцити
Тие се карактеризираат со базофилно (сино) обоени гранули кои со својата големина и бројност го препокриваат јадрото кое најчесто се состои од два сегмента. големината на дијаметарот просечно изнесува 10 микрони.
Лимфоцити
Лимфоцитите се одликуваат со тоа што односот меѓу јадрото и протоплазмата е во корист на јадрото. Формата им е тркалезна, а дијаметарот им варира во мошне широки граници (6-18микрони). По големина се делат на мали (6-9микрони), средни (10-14микрони) и големи над 14микрони. Јадрото е тркалезно и ексцентрично поставено. Во обоен препарат има силно виолетова бпја што доаѓа од богатството на хроматинот. Протоплазмата е обоена сино. во протоплазмата околу јатрото се забележува белузникаво просветлување (перинуклеарно просветлување). Во поново време е установено, дека лимфоцитите ниту морфолошки ниту функционално не претставуваат еднородни клетки.Постојат два вида В и Т лимфоцити.
Моноцити
Овие леукоцити се најголеми клетки во периферната циркулација. Дијаметарот им изнесува од12-25 микрони. Во обоената периферна размаска се забелеѓува изразен полиморфизам во големината и формата на моноцитите. бојата и е сиво-сина, а боата на јадрото е светлобиолетова што е резултат на слабата застапеност на хроматинот. Јадрото има најчесто форма на бубрег или грав.



Abe ova e samo za gangsteri ne citajte ako ste nad 15. I mora da ste bile vo zatvor barem ednas i vo barem 5 ganga
ReplyDelete