Wednesday, May 6, 2015

Еритроцити

Форма, големина и број

Еритроцитите се безјадрени клеточни елементи. Гледани однапред имаат тркалезна форма, а отстрана нивниот изглед наликува на двојно вдлабнат диск. Дијаметарот на еритроцитите се движи меѓу 6,5 и 8 микрони или во просек 7,3 микрони. Дебелината на периферниот дел изнесува во пресек 2,2 а во централниот 1,2 микрони. Бројот на еритроцитите кај мажите просечно изнесува 5х10¹²/l (5 000 000 во 1mm³), а кај жените 4,5х10¹²/l (4500000 во 1mm³). Тој се менува под влијание на дејството на внатреѓни и надворешни фактори (дневни, сезонски варијации, мускулна работа, силни емотивни напрегања, губење на течности, живеење на големи височини итн.). Покачен број на еритроцитите во крвта се вика еритроцитоза, а намален еритропенија.

Стуктура и хемиски состав

Еритроцитите се состојат од површинска Липобелковинска опна и строма во чиј состав влегува крвната боја хемоголобинот. Најголем процент од еритроцитарната содржина отпаѓа на водата (62-65%). Хемоглобинот е застапен од 30-34%, а другите материи од3-7%. Еритроцитарната мембрана покажува селективна пропустливост за голем број органски и неоргански материи . Таа е лесно прoпустлива за водата, уреата и едновалентните анјони, а непропустлива за јоните на калциум, пептиди и белковини. Органските материи како што сегликозата и аминокиселините лесно минуваа низ еритроцитарната мембрана. Јоните на калиум влегуваат во еритроцитот по пат на активен транспорт. Концентрацијата на калиум во еритроцитите многу е поголем во споредба со калциумот што е во потполна спротивност со нивната концентрација во крвната плазма.

Хемолиза

Хемолизата претставува процес при кој хемоглобинот од еритроцитите излегува во околниот раствор поради оштетување или прскање на еритроцитарната мембрана. 
Хемолизата може да се предизвика со дејствување на биолошки средства како што се отровите од змии,пчели,оси,пајаци, и други животни. 


Нехомолизираната крв е непроѕирна, а хемолизираната светла и проѕирна(дава впечаток како да е „лакирана“.

Седиментација на еритроцитите

Крвта, помешана со некое антикоагулантно средство (на пример натриум цитрат) и ставена во епрувета, што се наоѓа во вертикална положба, по извесно време ќе се раздели на два дела. Горниот слој го претставува крвната плазма, а во долниот дел се наоѓаат оформените елементи, предимно еритроцити. Таложење (седиментација) на еритроцитите настанува под влијание на Земјината привлечна сила. На брзината на седиментацијата на еритроцитите влијаат повеќе фактори кои можат да се групираат во две групи:
  • плазматични и
  • клеточни.

No comments:

Post a Comment